Language switcher

Social

 

На ден 21.11.2017 година во општина Штип се одржа Конститутивната Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Согласно одредбите од Законот за рамномерен регионален развој, Конститутивната Седница ја свика Градоначалникот на општина Штип, Г-дин Благој Бочварски, како Градоначалник на најголемата, по број на жители, општина од регионот.

За Претседател на Советот за развој на Источен плански регион едногласно е избран Г-дин Николчо Илијев, Градоначалник на општина Кочани.

Мандатот на Претседателот 2 (две) години, со право на повторен избор.

На Седницата присуствуваше и заменик Министерот за локална самоуправа.