Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион како имплементатор на „Проект за подобрување на болничката средина на ЈЗУ Клиничката болница Штип преку набавка на амбулантни возила“, од грант на Јапонска амбасада обезбеди две амбулантни возила за ЈЗУ Клиничка болница Штип. Набавката на двете амбулантни возила FIAT NEW DOBLO 1.3 Multijet Amb. ќе овозможи обнова на возниот парк на клиниката со соодветни медицински опремени возила. Со тоа целиот процес на транспорт и нега кај пациентот ќе биде на повисоко ниво. Со помош на новите возила ќе се зголеми безбедноста и удобноста на пациентите од Источниот плански регион, особено при транспортот на клиниките во Скопје, но и на специјализираните клиники во Охрид, Битола и Прилеп.

ЈЗУ Клиничката болница Штип пружа медицинска нега на жителите од Источниот регион и на дел од жителите кои живеат во Вардарскиот регион. Вкупниот број на потенцијални пациенти изнесува околу 250.000. Транспортот на пациентите во постоечките возила го зголемува ризикот од влошување на нивната состојба, а недостатокот на соодветно греење и ладење во возилата дополнително влијае врз можните компликации за здравјето на пациентот чија состојба е веќе загрозена од здравствени причини. Возилата често се расипуваат на пат, со што транспортот на пациентот се оддолжува дури и до десетина часа по правец. Ризикот од несреќи, повреда и смрт е зголемен пред сè за пациентите, но и за медицинскиот тим кој го придружува пациентот при транспортот во друга клиника. Немањето на соодветна медицинска опрема го усложнува процесот за следење на здравствената состојба на пациентот од страна на медицинскиот тим и пружање итна помош на пат.

За таа цел на 09.03.2018 год. во хотел Холидеј Ин со амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда се потпишаа договорите за набавката на возилата кои се очекува да бидат донирани на ЈЗУ Клиничка болница Штип во средината на месец Мај 2018 год.

Со оваа активност уште еднаш се покажува дека Центарот за развој на Источен плански регион, покрај соработката со општините во регионот работи и со останати чинители во регионот, при што се допринесува за поголем степен за реализација на Програмата за развој на Источен плански регион.