Language switcher

Social

 

Одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Македонија

Со цел да се зголеми разбирањето и свеста во врска со биолошката разновидност, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност од страна на Обединетите нации, и се прославува во целиот свет за да се одбележи усвојувањето на Конвенцијата на 22 мај 1992 година. Оваа година темата на денот на биолошката разновидност е така наречениот „Островски биодиверзитет" кој се однесува на уникатните екосистеми кои често се состојат од бројни ендемични растителни и животински видови, а претставуваат незаменливи богатства.

Република Македонија како членка на ООН, Меѓународен ден на биолошката разновидност го означи со промотивен настан кој се одржа во Делчево. Организатори на овој настан е Проектот финансиран до Швајцарската Амбасада „Програма за зачувување на природата во Македонија“ односно носителот на проектот Фармахем дооел - Скопје, стратешкиот партнер Центар за развој на Источен плански регион и домаќинот општина Делчево.

На настанот свое обраќање имаа директорот на Управата за животна средина при МЖСПП г-дин Игор Трајковски, Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Р. Македонија, Неговата Екселенција г-дин Stefano Lazzarotto и Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

На настанот беа доделени и награди за најдобрите 3 фотографии од Конкурсот на тема “Биолошката разновидност во Брегалничкиот регион”. Исто така се изврши и промовирање на (тековни или реализирани) активности спроведени од владини и невладини организации поврзани со заштита на биолошката разновидност, Детски цртежи/творби и еколошки игри (проект: Едукација за зачувување на природата во Брегалничкиот регион), Изложба на фотографии од биолошката разновидност во Брегалничкиот регионот, Детски експеримент за пречистување на загадена вода (проект: План за управување со речниот слив на Брегалница).

Во вториот дел на настанот се одржа трибина каде преку неколку презентации:

  • Презентирање на активностите на проектот за ревизија на
  • Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план
  • Презентирање на активностите на Програмата за зчувување на природата во Македонија
  • Предавање на тема „Биодиверзитетот во регионот“
  • Предавање на тема „Островски биодиверзитет“

Преку овие презентации беа претставени вредностите на биодиверзитетот од Брегалничкиот регион, темата за одбележување на денот на биолошката разновидност - еколошките острови, како и главните цели и активности на двата проекти.