Language switcher

Social

 

На 20-ти мај, 2015 година, во големата сала на Општина Штип, се оддржа Четвртиот Информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион како дел од активностите во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Настанот го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Директор на Центарот за Развој на Источен плански регион.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на програмата за поддршка на извозот за МСП и за свесноста кај домашните компании за бенефитот од извозните активности– (Г-ѓа Милица Живковска, Раководител  на секторот за промоција и извоз, од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Република Македонија);
  • Презентација на поддршката која Стопанска комора ја дава на компаниите во  извозните  активности  и  приоритетите  кои  ги  имаат  за  МСП -(Г-ѓа Јадранка Аризанковска, Виш советник во дирекција за регионални комори и меѓународна соработка на Р. Македонија);
  • Презентација на потребите на МСП и процесот за вклучување на локални добавувачи во производствен процес - Опис на компанискиот Supplier Relationship Management– (Г-н Александар Коцев, Координатор за интерактивни набавки во Компанијата Џонсон Контролс);
  • Презентација на потребите на МСП и процесот за вклучување на локални добавувачи во производствен процес, бенефит од успешните извозни активности -  Опис на компанискиот Supplier Relationship  Management  –(Г-ѓа Емилија Чуревска, претставник од Компанијата ArcelorMittal).  

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од приватниот сектор и претставниците од  Агенција за СДИ, Стопанска комора, Џонсон Контролс  и ArcelorMittal.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).