Language switcher

Social

 

Една од активностите на проектот Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион е зајакнување на капацитетите на членовите на кластерот за креативна индустрија „КРЕАТИВА“ и изработка на Стратегија за развој на кластерот. Работилницата  се одржа на 25-26. Јуни 2015 година во хотел Изгрев во Штип. 

Целта на работилницата  е дефинирање на основните вредности, мисија, визија и долгорочни цели на кластерот Креатива. Добиените резултати ќе послужат за изработка на Стратегија за развој на кластерот, и ќе создадат основа за изработка на акциски план, зголемувањеи поттикнување на иницијативноста, одговорноста и мотивацијата на своите членки.

На работилницата зедоа учество Членки на кластерот за креативна индустрија Креатива  - МСП и сродни организации од областа на креативни индустрии од Источниот плански регион и пограничниот регион на Република Бугарија - (дизајнери, архитектонски бироа, занаетчии, уметници, дигитални медиуми, консултантски фирми, итн.)

Вториот ден учесниците на работилницата ги посетија фабриката за автобуски конструкции АКТИВА, Фабриката за чевли БАРГАЛА, и Музејот на ВМРО со восочни фигури во Штипско Ново Село.