Language switcher

Social

 

На 23 ти Септември, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа петтиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Главна цел на настанот во рамките на проектот е зголемување и подобрување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион.

На настанот присуствуваа претставници од: МСП, претприемачи, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и студенти.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-динот Александар Николов, од Центарот за Развој на Источен плански регион. Говорничка на настанот беше г-ѓата Славјанка Пејчиновска-Андоновска, од компанијата Еко Мозаик. Модератор на настанот беше Г-ѓица Меглена Димитрова од компанијата Knowledge Center.

Г-ѓа Пејчиновска-Андоновска се обрати на присутните со три презентации на тема „Животна средина“, а за почеток се задржа на Зелената агенда за развој на вашиот бизнис каде на присутните им говореше за системите за управување со животната средина  и почистото производство.

Второто излагање ја обработи темата „Кои се вашите еколошки аспекти и како управувате со нив“. Во оваа презентација акцентот беше ставен на Програмата за управување со отпад и нејзино детално елаборирање.

Третата презентација на Г-ѓа Пејчиновска-Андоновска се однесуваше на темата „Вашиот Хотел е единствен – има Еко ознака“ каде детално го објасни Еколошкото означување, кое претставува нова алатка за обезбедување на одржлив развој и поттик на туристичките капацитети.

По завршувањето на сите излагања, после паузата за коктел-ручек, беа оддржани средби помеѓу сите заинтересирани од приватниот сектор и претставниците од Еко Мозаик.

За време на ручекот, по завршувањето на настанот беше направена анкета за мерење на задоволството на присутните. Резултатите покажаа дека повеќето од присутни се многу задоволни од излагањата на претставниците од Еко Мозаик како и од просторијата каде се оддржа настанот. Организацијата на настанот беше оценета како одлична од повеќето од присутните како и храната која беше послужена. Речиси сите од присутните се изјаснија дека повторно би присуствувале на ваков тип на настан во иднина.

На наредниот настан Би сакале средба со "Министерство за Животна средина“ и „Министерството за земјоделие“ како и комунални претпријатија, а би сакале и поголема вклученост на приватниот сектор.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).