Language switcher

Social

 

На 15 октомври2015 година,во хотел Изгрев во  Штип,Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Изработувачите ИДЕА О.К. и БДС  организираа и се одржа Јавна расправа за  финализација на Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024). Јавната расправаимаше зацел да се заземат заеднички и конечни ставови во однос на доставените коментари за Нацрт верзијата на Стратегијата,односно да се заокружи структурата на стратешкиот документ и акциониот план со што би се добилофинално решение за овој документ.

Нацрт Стратегијата беше подготвена на партиципативен начин, со активно учество на сите релевантни чинители во областа на туризмот, вклучувајќи ги  корисниците, локалната самоуправа и јавниот сектор, приватните бизниси и граѓанскиот сектор од Источниот плански регион.

На работилницата присуствуваа претставници наАгенцијата за промоција и поддршка на турузмот,општините, јавниот сектор, приватните бизниси, здруженијата и останатите засегнати страни од Источниот плански регион.

Финалната верзија на „Стратегија за развој на туризмот во ИПР со акционен план 2015 -2024“ се очекува да биде изработена во текот на месец Ноември 2015 година,  и истата да биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион. По усвојувањето на Стратегијата сите заинтересирани страни ќе можат да започнат со имплементација на дефинираните приоритети.