Language switcher

Social

 

На 10 Ноември, 2015 година, во Хотел “Изгрев”Штип, се оддржа првиот информативен настан на тема  ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ за општините во состав на Источниот и Североисточниот плански регион во рамките на проектот на Министерство за Локална Самоуправа, “Иновативни решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво”кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Центрите за развој на планските региони во Република Македонија, т.е. за Источниот плански регион се реализира во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.

Главна цел на настанот беше навремено и точно запознавање на вработените во секторот за урбанизам, комунални работи, градежни инспекции и локален економски развој со новите измени во Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање. За таа цел стручни лица од Министерство за Транспорт и Врски на Република Македонија ја оддржаа обуката за подобро запознавање со последните законски измени.

На настанот присуствуваа повеќе од шеесетина претставници од општините во состав на Источниот и Североисточниот регион.

Настанот со поздравна порака го отвори Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион и Г-динот Звонко Зафировски, Советник во Министерство за Локална Самоуправа.

Во првиот дел презентер на новите законски измени на Законот за градежно земјиште беше Г-дин Дарко Гроздановски, од Министерство за Транспорт и Врски и истиот ја водеше и сесијата од прашања и дискусија за новите законски измени. 

Вториот дел од презентацијата се однесуваше на последните законски измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кои беа елаборирани од страна на Г-ѓа Весна Андриевска, Раководител на Сектор, Г-ѓа Маја Лазаревска, Помошник Раководител на Сектор и Г-ѓа Вања Андонова, Советник во Министерство за Транспорт и Врски.

По завршување на презентацијата, се спроведе сесија на прашања и дискусија во врска со новите законски измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, следуваше и низа од практични примери за стручните лица, вработени во општините дадени од официјалните претставниците од Министерството за транспорт и врски.

Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).