Language switcher

Social

 

На 15.12.2015 година во хотел Изгрев, во Штип, се одржа Завршната Прес конференција за постигнатите резултати од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“. Пред присутните шеесетина посетители од Македонија и Бугарија како и новинарски екипи од Македонските национални и регионални електронските медиуми  проектниот тим ги претстави проектните резултати.

Тим лидерот на проектот преку презентација даде краток осврт на проектот, за времетраењето, вкупниот буџет, постигнатите проектни резултати, цели, целни групи, основаниот кластер за креативна индустрија, изградените мултимедијални центри и сл. Координаторот на проектот  ги претстави радио и видео спотот за  кластерот како и заедничката веб страна.

Прес конференцијата ја отвори раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, а свое поздравно обраќање имаа и градоначалниците на општина Штип и Гоце Делчев.