Language switcher

Social

 

Со цел приближување до релевантни информации кои ќе овозможат раст на приватниот сектор во Источниот плански регион, Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион на 10ти февруари 2016 година го одржа     шестиот информативен настан. Тема на настанот насловен „ПРОЕКТИ ЗА МСП ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ХОРИЗОН 2020“ беше ЕУ програмата Хоризонт 2020.

Присутните 40 претставници на микро, мали и средни претпријатија, претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи, економски оператори во регионот, регионални стопански комори, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори се информираа:

  • Зошто Европската унија ја спроведува програмата Хоризонт 2020
  • Што нуди програмата на приватниот секторот
  • Кои се целите на програмата Хоризонт 2020
  • Како се спроведува програмата Хоризонт 2020
  • Кои се приоритетите и вкупниот буџет
  • Како се аплицира на Хоризонт 2020
  • Преглед на поедноствената процедура за аплицирање
  • Критериуми за доделување на Договор за финасирање на проект
  • Примери на имплементирани проекти - ЕУ и Македонија.

Дополнително, присутните добија информации и:

  •  како да добијат пристап до информации за програмата,
  •  како и каде да ги следат повиците,
  •  каде да ги најдат обрасците за изработка на проектна документација и
  •  каде да бараат партнери за предлог проекти.

Споделените информации на присутните им дадоа насоки на размислување и делување  во областа на истражувањето и иновациите, со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност. 

Овој информативен настан се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).