Language switcher

Social

 

Во насока на зајакнување на претприемничката мисла и претприемничките дела кај жителите на Источниот плански регион, особено кај младите лица, во периодот од 14 - 18 Март 2016 година во Делчево се оддржа првата од двете предвидени Школи за иновации и претприемништво.

Следејќи ја идеја и визијата да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од регионот да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и претприемачки способности, Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР во соработка со Gestalt Solutions Штип, обезбедија услови во кои преку предавања, симулации, реални примери, илустрации, практични вежби и обука, учесниците се запознаа со практичните аспекти на водењето бизнис, претприемништвото и иновациите.

Школата ја водеа успешни претприемачи, консултанти и експерти со долгогодишно искуство од областа на иновациите и претприемништвото од Gestalt Solutions, SI Communication и ЗБК Креација, и тоа:

  • Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
  • Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
  • Експерти и консултанти за иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
  • Успешни претставници од бизнис секторот.
  • Учесниците во школата добија можност да ги чујат нивните излагања и предавања и да разговараат со нив на овие теми.

На Школата учество зедоа триесетина млади претприемачи, тековни и идни, од 11те општини од Источниот плански регион: Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип. За време на Школата учесниците зедоа активно учество во истата преку развивање на нивните бизнис идеи во потенцијални профитабилни бизниси. Учесниците свиоте бизнис идеи ги преточија во зборови изготвувајќи описи на бизнис идеите, описи преку кои учесниците ќе бидат упатени на кои начини можат тие бизнис идеи да ги преточат во реалност.

Школата за иновации и претприемништво се организираше во рамките на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).