Language switcher

Social

 

локација:    Кочани, хотел „Але-Дар“
датум:         30 март - 03 април, 2016

Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ воспостави Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион. Проектот се спроведува со техничка и финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).

Воспоставениот Бизнис Центар има за цел зголемување на конкурентноста на регионот преку поддршка на малите и средните претпријатија и претприемништвото, што воедно е нотирано како стратешки приоритет во Програмата за развој на Источниот плански регион (2015-2019). Во таа насока е и имплементацијата на 2 петдневни Школи за иновации и претприемништво за 50 учесници - жители на Источниот плански регион, кои ќе бидат имплементирани од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип.

ЗА ШКОЛАТА ЗА ИНОВАЦИИ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР при Центар за развој на Источен плански регион и Гешталт Солушнс д.о.о., Штип организираат втора Школа за иновации и претприемништво.

Школата за иновации и претприемништво има за цел да ги охрабри и зацврсти претприемничките мисли и дела на жителите на Источниот плански регион.

Школата ја водат успешни претприемачи од Гешталт Солушнс и тоа:

  • Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
  • Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
  • Експертии консултантиза иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
  • Успешни претставници од бизнис секторот.

Теми на Школата за иновации и претприемништво

Школата ги опфаќа следните теми:

  • - Концепт на претприемништво, лични вештини и алатки за планирање на бизнисот
  • - Оценка на окружување и области за иновации
  • - Алатки и вештини за мобилизирање на средства од расположивите програми.

Сертификат

Редовните учесниците добиваат Сертификат за успешно завршена Школа за иновации и претприемништво.

Време и место на одржување

Втората Школа ќе се оддржи во периодот 30 март - 03 април, 2016 година во Кочани.

Трошоците за работните материјали, транспорт за учесниците на Школата и сместување за учесниците со 4 (четири) полни пансиони е обезбедено од страна на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за МСП во ИПР.

Кој може да се пријави и како?

Во Школата можат да учествуваат лица на возраст меѓу 18 и 35 години, жители на Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип.

За да се учествува во Школата потребно е да испрати:

Биографија (CV) и Пропратно/Мотивационо писмозошто сакаат да учествуваат на Школата и опис на производ/услуга/бизнис на која ќе работат на Школата  и / или

Видео презентација за себе и производ/услуга/бизнисна која ќе работат на Школата. Видео презентацијата треба ги содржи следниве информации:

  • име и презиме
  • образование
  • познавање на странски јазици и работа на компјутери
  • производ/услуга/бизнис на која ќе работи на Школата.

на:      Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

најдоцна до 28 март 2016, понеделник до 18.00 часот.

Повеќе информации за Школата ќе добиете на горенаведените мејл адреси и на тел. 078 / 392 252.  

Повикот достапен во пдф документ „тука“ (ppt формат).

Втората Школа за иновации и претприемништво се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).