Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион континуирано работи на покренување на претприемничкиот дух помеѓу младите лица, жители на 11те општини во регионот. Со цел зајакнување на претприемачките вештини на младите лица помеѓу 18 и 35 години, Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР, во соработка со Gestalt Solutions Штип, ја започнаа и втората Школа за иновации и претприемништво која се одржува во општина Кочани во периодот помеѓу 30ти Март и 03ти Април 2016. 

Оваа втора Школа се одржува само неколку недели по успешно имплементираната прва Школа која во периодот 14 - 18 Март се одржа во општина Делчево и на која учество зедоа триесетина млади тековни и идни претприемачи. Од оваа прва школа произлегоа дваесетина идеи за прозводи и услуги за кои беа разработени во мини бизнис планови и истите претставуваат одлична основа на учесниците на оваа школа за претворање на овие бизнис идеи во профитабилни бизниси. Преку изготвените описи на бизнис идеите, учесниците ќе бидат насочени на кои начини можат тие бизнис идеи да ги преточат во реалност.

Следејќи ја идеја и визијата да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од регионот да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и претприемачки способности, Центарот за развој на Источниот плански регион и регионалниот Бизнис Центар при ЦРИПР, во соработка со Gestalt Solutions, Штип ја организираат и втората ваква школа, овој пат во општина Кочани. На оваа школа учесниците добиваат услови во кои преку предавања, симулации, реални примери, илустрации, практични вежби и обука ќе имаат можност да се запознаат со практичните аспекти на водењето бизнис, претприемништвото и иновациите.

Втората Школа за иновации и претприемиштво ја отворија Претседателот на Советот за развој на Источниот плански регион, Г-дин Ратко Димитровски и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева. На Школата учество земаат повеке од триесет млади луѓе, од 11те општини од Источниот плански регион: Штип, Карбинци, Кочани, Зрновци, Македонска Каменица, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Чешиново-Облешево и Пробиштип.

Школата ја водат успешни претприемачи, консултанти и експерти со долгогодишно искуство од областа на иновациите и претприемништвото од Gestalt Solutions Штип, SI Communication и ЗБК Креација, Скопје, и тоа:

  • Проект менаџер со меѓународен сертификат за проектен менаџмент (PMP, CMC),
  • Ментор со национално и меѓународно искуство во поддршка на старт-апи,
  • Експерти и консултанти за иновации, проектен менаџмент и маркетинг, развој на мрежи, менторска поддршка и истражување за финансирање на проекти
  • Успешни претставници од бизнис секторот.

Учесниците во школата добиваат можност да ги чујат нивните излагања и предавања и да разговараат со нив на овие теми.

И  оваа втора Школата за иновации и претприемништво се организира во рамките на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Во рамките на овој проект Центарот за развој на Источен плански регион организираше и седум информативни и два советодавни настани за приватниот сектор, а во соработка со Gestalt Solutions Штип изготви и:

  • Водич за инвестиции во Источен плански регион;
  • Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020) со Акциски план (2015 - 2016);
  • Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020).

Како дел од активностите на Бизнис Центарот е изработен и интерактивен веб портал: www.investineastregion.mk на кој можат да се најдат информации за инвестициските потенцијали на Источниот плански регион.