Language switcher

Social

 

На 21 јули 2016 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација  во Република Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада го посети Источниот плански регион - Брегалничкиот регион, при што посети дел од проектите кои се реализирани во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија и оствари повеќе работни состаноци меѓу кои: со раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и градоначалник на општина Кочани г-дин  Ратко Димитровски, како и со градоначалникот на општина Зрновци г-дин Блаже Станков.

Посетен беше пилот проектот за одржливо производство на ориз, кој се реализира во рамки на ПЗП на експериментална парцела на оризопроизводителот Јорданчо Левков во општина Чешиново-Облешево, при што беа презентирани очекувањата во поглед на намалување на потрошувачката на вода со користење на систем капка по капка и намалено коирстење на хемиски средства при производството на ориз. Исто така, амбасадорот Техада имаше можност да го посети нагледниот пчеларник кај браната Гратче во општина Кочани и да се запознае со првичните резултати од активностите за поддршка на млади пчелари. Покрај тоа, при посетата на општина Кочани од страна на претседателот Димитровски беа презентирани и резултатите од останатите проекти кои се реализирани во регионот и општина Кочани со поддршка на Швајцарската конфедерација: Нацрт просторен план за ИПР, Студија и стратегија за развој на туризмот во ИПР, Анализа за биолошката разновидност во ИПР, Уредување на водопадите на браната Гратче, енергетска ефикасност на детската градинка Павлина Велјанова-клон 4, Изградба на пречиситителна станица за отпадни води во Кочани, Патеката на клукајдрвчето на Пониква, Санирање на штети од поплавите на Оризарска Река, Туристички инфо центар Пониква и др.

Во рамки на работната посета на регионот, амбасадорот ја посети и општина Зрновци, каде од страна на градоначалникот Станков беа презентирани резултатите од проектите кои се реализирани од страна на општина Зрновци и здруженијата Јавор и Движење за одржлив развој: Заштита и промоција на група платанови стебла во с.Морородвис – прогласени за природна реткост, зачувување на агробиодиверитетот во општина Зрновци, Основање на ресурсен центар за едукација наменет за учениците и фармерите во општината, Регулација на Зрновска Река во с.Мородвис, Уредување на археолошкиот локалитет во с.Мородвис, Енергетска ефикасност на општинската зграда во Зрновци и др.

Амбасадорот Техада  изрази задоволство од реализацијата на досегашните активности на Програмата во Брегалничкиот регион и посака и понатамошен успех во реализацијата на програмските активности.