Language switcher

Social

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го посети мултимедијалниот центар „Креатива“ и неколку спортски објекти во Штип каде што за три години  се изградени 16 спортски објекти и остварисредби со жителите на општина Штип.

Вкупната инвестиција на центарот „Креатива“ е во вредност од 484.302,14  евра од кои 149.320,29 евра се од ИПА фондовите добиени преку гранична соработка со Народно Читалиште „П.Р.Славејков-1938“ с.Брезница. Општина Штип кофинансираше 186.761,85 евра.

Во мултимедијалниот центар, изграден на местото на старото летно кино во Штип, како што рече градоначалникот Илчо Захариев во разговорот со Груевски, ќе биде сместено 3Д киното, кластерот за креативна индустрија на Источно планскиот регион, канцелариите на Центарот за развој на Источно планскиот регион, а има и конференциска сала, како и сала за културно уметнички настан.

Околу мултимедијалниот центар целиот простот е комплетно уреден, сите улици се завршени, паркот „Бриони“, фудбалско игралиште и мини зоолошка градина. 

Градоначалникот Захариев го информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека овој проект е прогласен за најуспешен  од вториот повик за ИПА проекти во соработка со Бугарија за што очекуваат да добијат и признание.

Во разговорот со Груевски, Захариев  информира дека во рамки на културните објекти што се градат во Штип во тек е тендерот за изградба на паркот на „Макфест“, инвестиција од 130 илјади евра кој  Центарот за развој на Источен плански регион ги обезбеди од Програмата за регионален развој -  Министерство за локална сампуправа и Бирото за регионален развој. Потенцираше дека со проектот сите досегашни победници ќе добијат своја ѕвезда и траен запис.

Во рамки на градежната инфраструктурна експанзија во Штип изградена во населбата Сењак, во тек е изградба на двојно тениско игралиште кое според градоначалникот Захариев треба да биде готово до крајот на август оваа година. Оваа инвестиција е во вредност од 12 милиони денари. 

Изградбата на спортските објекти, како што беше нагласено во разговорот на  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и градоначалникот Захариев, е во рамки на сериозните инвестирања на Владата на спортските објекти во Штип за што досега преку Агенцијата за млади и спорт се инвестирани 1,5 милиони евра. Изградени се фудбалското игралиште „Никола Кљусев“, четири тениски терени, опремени со игралишта со вештачка трева, изградена е и салата „Јордан Мијалков“, како и  две повеќенаменски игралишта. Во моментот се градат и тениски терени и фитнес зона.

Груевски во разговорот му посочи на Захариев дека во рамки на сериозните инвестиции во спортот и спортските објекти покрај функционирањето  на фудбалската академија во Штип добро е да се разгледа  и можноста за изградба на тениска академија  и доколку постои интерес од младите, нагласи, да се отвори во овој град и тениска академија.

Градоначаникот Захариев меѓу другото го информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  дека согласно големиот интерес на штипјани во тениските игралишта се планира и изградба на игралиште за одбојка на песок.