Language switcher

Social

 

Македонската делегација од градоначалници и раководители на Центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од 05.09.2016 (понеделник) до 09.09.2016 (петок) престојуваaво посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и  Хрватска.

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези во рамките на посетата на Австрија, оствари средба со локалните власти на Грац и со претставници на регионот Штаерска.

Министерката Елези во тек на посетата оствари средба и со градоначалниците  на  Велика Полана, Кршко и Јастребарско.

Посетата е организирана од страна на Центарот за развој на Источниот и Југоисточен плански регион.

На средбите, министерката Елези изрази интерес за воспоставување на соработка и размена на искуства во подготовката и финансирањето на развојни и иновативни проекти финансирани од ЕУ фондови.

Министерката Елези зборуваше за системот на локална самоуправа во Република Македонија, како и за инструментите за рамномерен регионален развој.

-Потребни ни се квалитетни, конкурентни проекти кои што покрај буџетските ќе си обезбедат финансиски средства и од фондовите на Европската Унија, за што ни е драгоцено искуството од земји и градови кои што се успешни во имплементацијата на конкурентни и иновативни проекти кои што имаат директно влијание на квалитетот на живеење и на локалниот и регионалниот развој рече Елези.

Целта на посетата е размена на искуства во подготовката на локални и регионални иновативни развојни проекти, финансирање од ЕУ фондови, како и остварување на различни форми и можности на соработка на повеќе нивоа.