Language switcher

Social

 

На 21-ви септември 2016 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изградба на пристапен / локален пат од регионален пат Р-601 до село Вртешка, Црква Св.Ѓорѓи (планинарски дом Вртешка) ФАЗА 1 (од ст.0+000.00 до 1+300.00).

Средствата потребни за реализација на овој Договорот се обезбедени од Буџетот на РМ, за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2016 г.,за кои средства помеѓу Министерството за Локална Самоуправа - Биро за регионален развој и Центароте склучен Договор за реализација на проекти во Источен плански регион и од Буџетот на општина Карбинци.

Фирмата која ќе работи на Изградба на пристапен / локален пат од регионален пат Р-601 до село Вртешка, Црква Св.Ѓорѓи (планинарски дом Вртешка) ФАЗА 1 (од ст.0+000.00 до 1+300.00)е Друштво за транспорт, градежништво и трговија ВАТО ДОО Студеничани– Скопје.