Language switcher

Social

 

За луѓето се работи! Ова е слоганот на специфичната кампањата за подигнување на јавната свест за потребата од зачувување на природата.

Основна цел на стратегијата на специфична кампања на Центарот за развој на Источниот плански регион (ЦРИПР) е информирање и запознавање на локалното население, локалната самоуправа, бизнис секторот и здруженијата на граѓани во Источен плански регион, за придобивките од заштитените подрачја.

Центарот за развој на Источниот плански регион e стратешки партнер на  Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) која се имплементира во Источниот плански регион (2013-2016) – проект на  Швајцарската Агенција за развој и соработка – SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation) кој е координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем.

Проектот е директно поврзан со Среднорочните цели дефинирани во Програмата за развој на Источниот плански регион. Имено во третата среднорочна цел стои „Сочувана и унапредена животна средина“.

Одржливиот развој кон кој се стреми Источниот регион се базира на заштитата на животната средина. Ниту одржливиот развој на туризмот, ниту одржливиот развој на земјоделието, како и развојот на другите стопански гранки не е возможен без обезбедување на заштита на животната средина. Со реализација на оваа среднорочна цел ќе се создадат услови за одржлив развој на регионот. Остварувањето на целта е планирано да се постигне преку мерки кои ќе се преземат во управувањето со отпадот, управувањето со отпадните води, климатските промени, како и рекултивација на загадената почва и заштита на биодиверзитетот.

Во правец на исполнување на целта на ЦРИПР, поконкретно заштитата на биодиверзитетот лежи оправданоста за креирање на Специфична кампања за придобивките од заштитените подрачја. Заштитата на биодиверзитетот не може да постои без заштитени подрачја.

Целта на програмата е да помогне на државата посебно на Источниот плански регион во остварување на користењето на природните ресурси на еден одржлив начин и со оваа специфична кампања тоа што сакаме да го постигнеме како програма е да покажеме дека заштитата на природата, на животната средина и зачувувањето и прогласувањето на заштитените подрачја ќе има бенефит врз локалното население, а никако стопирање на локалниот економски развој.

Во рамки на кампањата предвидени се низа активности како што се јавни дебати помеѓу локлните градоначалници, јавниот, невладиниот и експертскиот сектор. Исто така во голема мерка ќе бидат вклучени локалното население и бизнис секторот, медиумите и младите како целна група  на која треба да се обрне поголемо внимание за подигање на јавната свест за зачувување на природата.

 

Дебати

Во првата дебата има информации за потребата од зачувување на флората и фауната во Источно планскиот регион, за богатството на регионот, значењето на директивата Натура 2000 за Македонија и резултатите од „Анализа на недостатоци во еколошки податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“

Втората дебата е фокусирана на легислативата и придобивките од гледна точка на локалната самоуправа. Експертите и градоначалниците говорат за зачувувањето како процес и како план за во иднина.