Language switcher

Social

 

Седми информативен настан за бизнис заедницата на тема „Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија“

Бизнис центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион,кој има за цел зголемување на конкурентноста преку поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото,на 23 февруари 2016 година во Штип го оддржа седмиот информативен настан за бизнис зедницата на тема „Менаџерски вештини за раст на мали и средни претпријатија“.

Информативниот настан имаше за цел презентација на вештини за раст на мали и средни претпријатија, со акцент на информации и алатки што се користат за таа цел.

На настанот се опфатија следните теми:

1. Анализа на лични менаџерски вештини и алатки за нивно подобрување,

  • Видови на менаџмент со претпријатие
  • Различни позиции на човечки ресурси во бизнисот и спецификите за МСП
  • Дефинирање на вештини и начини на нивно стекнување и верификација
  • Алатки за Менаџмент со време (Time managment)

2. Дефинирање на бизнис модел за МСП (начин на создавање на  продукт/производ/услуга) и алатки за негово менаџирање,

Стратегии за позиционирање на пазарот и начини за пристап до ресурси за МСП

  • Основни развојни стратегии
  • Алатки за комуникација со пазарот и купувачите
  • Партнерства (јавно-приватно партнерство и концесии), изнајмување (лизинг), откуп на побарувања (факторинг) и аутсорсинг.

3. Бизнис дијагноза за МСП

  • Алатки за дијагностицирање на успешноста на бизнисот
  • Техники за мерење на учинокот и резултатите на МСП
  • Програми за финасирање на обуки за МСП.

Настанот го проследија повеќе од 35 претставници на бизнис заедницата од Источниот плански регион: претставници на микро, мали и средни претпријатија, претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и мрежи, економски оператори во регионот, регионални стопански комори, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори.

Овој информативен настан се организира во рамки на проектот „Формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ кој што е технички и финансиски помогнат од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).