Language switcher

Social

 

Презентацијата на учениците од ПСУ ”САБА” за двонеделен престој во Германија, Португалија, Италија и Шпанија за реализација на Еразмус проектот со име „Европски бизнис“

Приватното средно училиште ”САБА“ – Средношколска академија за бизнис и администрација во соработка со Центарот за развој на Источен плански регион во НУ - УБиблиотека ”Гоце Делчев” – Штип на  24.04.2017 година (понеделник), ја реализираа презентацијата на учениците од ПСУ ”САБА“ кои две недели беа на пракса  во Германија, Португалија, Италија и Шпанија.

“Европски бизнис” е името на Еразмус проектот преку кој 16 ученици во различни европски интернационални компании имаа можност да стекнат искуство од on-line бизнисот, интернет маркетингот, интернет трговијата и сл.

Покрај обуката учениците се запознаа и со културните вредности и историските знаменитости на едни од најголемите европски градови (Лајпциг, Дрезден, Берлин, Монтижо, Лисабон, Болоња, Барселона и др.)

По завршувањето на презентацијата беа доделени сертификатите на сите ученици во проектот кои беа обезбедени од страна на посетените земји.