Language switcher

Social

 

Македонска Каменица доби современ Дом на културата

Македонска Каменица доби современ Дом на културата.

На 28.04.2017 (петок) беше пуштен во употреба новиот, реконструиран и адаптиран Дом на култура во Македонска Каменица, што ќе донесе ново поглавје во квалитетот на животот на граѓаните во оваа рударска општина. 

Старото кино изминатава година и половина прерасна во современ дом на културата, кој беше отворен со пригодна свеченост и со благослов од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

- „Со реконструкцијата на старата зграда на киното добивме нова зграда, која е за околу 300 квадрати поголема и која содржи и кино сала и простор за културно уметнички друштва и манифестации од областа на културата и уметноста“ - изјави д-р Дарко Митевски, градоначалник на Македонска Каменица.

Во Домот на културата има простории за локалното Културно уметничкото друштво и библиотеката.

Вкупната вредност за изведбата на Домот на културата изнесува 42 милиони денари, средства обезбедени од Светската банка.

На настанот настапија локалните бендови Риплеј и Литиум, КУД „Вера Јоциќ“ и децата од локалното талент шоу „Јас имам талент“. Се изведоа и две театарски претстави на театар „Колозов“, и етно концерт на „Бајса Арифовска и пријателите“.