Eднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 13 Декември, 2017 година (среда) во Хотел “ИЗГРЕВ” во општина Штип организираше еднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“.

Повеќе...

Одржана Конститутивна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

На ден 21.11.2017 година во општина Штип се одржа Конститутивната Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Согласно одредбите од Законот за рамномерен регионален развој, Конститутивната Седница ја свика Градоначалникот на општина Штип, Г-дин Благој Бочварски, како Градоначалник на најголемата, по број на жители, општина од регионот.

За Претседател на Советот за развој на Источен плански регион едногласно е избран Г-дин Николчо Илијев, Градоначалник на општина Кочани.

Повеќе...

Организирана промотивна кампања на тема “Климатски промени” за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани, Берово

Во периодот од 20-22 Ноември 2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион-Штип во рамки на проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина” CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на ИНТЕРРЕГ- ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија - Р. Бугарија, спроведе промотивна кампања на тема “Климатски промени” за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани, Берово. Промотивната кампања, турнеја беше наменета за за ученици од 5 (петто) одделение со цел да се поттикнат младите луѓе да преземаат акции за заштеда на електрична енергија и вода, да користат помалку пластика, да се грижат за животната средина, да рециклираат отпад, да се подигне свеста за глобалните климатски промени, фокусирајќи се на ефектите од истите. Учениците преку игра и забава имаа можност да го зајакнат своето знаење и вештини, за тоа како да се справат со климатските промени и еколошки прашања поврзани со истите.

Повеќе...

Јавен повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Р. Македонија

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источниот плански регион, општина Штип  и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија - О2 ПРЕДИЗВИК (http://www.fitr.mk/O2predizvik/)

Информативната сесија се одржа на 21.11.2017 година (вторник) во 13:00 часот, во затворениот дел на салата на Советот при општина Штип.

Повеќе...

Втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР

Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.

На ден 27-ми октомври 2017 година (четврок), во  хотел „Изгрев“ во Штип  Центарот за развој на Источен плански регион организираше втора работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.

Повеќе...

Јавна презентација на Каталог на реализирани проекти

Согласно Договорот за соработка во 2017 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источниот плански регион, Центарот за развој на на Источниот плански регион изработи Каталог на реализирани проекти за период од 2008-2016 година.

За таа цел на 03.10.2017 година (вторник) во хотел Изгрев во Штип се одржа Јавна презентација на Каталогот на реализирани проекти.

Повеќе...

Конференција за „Политиките за рамномерен регионален развој“

На 6 септември 2017 година во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Конференција за „Политиките за рамномерен регионален развој која претставува завршен настан на проектот „Алијанса за регионален развој“, спроведуван од Форум - Центар за стратешки истражувања и развој, Скопје и Младински инициијативи за дијалог и соработка, Битола.

Повеќе...

Работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница

Програмата за зачувување на природата во Македонија, фаза 2, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а  координиран од Фармахем‐Скопје во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот и Македонско еколошко друштво, имплементирачки партнер на ПЗП, на ден 31-ви август 2017 година (четврток), во  хотел „Изгрев“ во Штип  организираа работилница со цел  развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.Една од главните активности е воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.

Повеќе...

Страница 4 од 29