СООПШЕНИЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ВТОРИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (МСИП2)

7 септември 2016 - Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата за Вториот проект за подобрување на општински услуги -МСИП 2. Средствата кои се во износ од 25 милиони евра се обезбедени преку Светска банка и истите се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење.

Условите под кои општините ќе можат да аплицираат за средства од проектот се исклучително поволни - рок на отплата до 13 години со вклучен грејс период до 3 години и каматна стапка која е еднаква на каматата што ја плаќа Република Македонија кон Светска банка, односно  6-месечен Еурибор.

Средствата од проектот ќе се алоцираат по принцип "прва пријавена - прва услужена општина" врз основа на одобрена техничка документација во согласност со критериумите од проектот.

Краен рок за доставување на апликациите од општините е два месеци од денот на објавување на повикот, односно најдоцна до 7  ноември 2016 година.

Во рамки на средствата кои ги има одобрено Светска банка за проектот МСИП 2, освен за заеми за капитални проекти, предвидени се и средства за грантови за општините за инвестирање во подобрување на инфраструктурата во посиромашните и маргинализирани делови во нивна надлежност, како и средства за техничка поддршка на општините.

МСИП 2 претставува продолжение на Проектот за подобрување на општински услуги МСИП 1, кој беше во износ од 56 милиони евра. Со средствата од МСИП 1 се поддржани 68 капитални проекти во 53 општини. Станува збор за локални патишта, водоводи, училишта, детски градинки и други капитални проекти кои имаат за цел да го подобрат животот во тие општини.

Преземете го Барањето за користење на средства од Вториот МСИП на овој линк.

Линк до објавениот повик (кликни тука).

Презентација на проектот за „Подобрување на општинските услуги”

На 15-ти септември, 2016 година, во организација на Центарот за развој на Ценатрот за развој на Источен плански регион а со поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во „Еуро Хотел Градче“ - Брана Градче, Општина Кочани, се одржа информативен настан за “Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”.

 На настанот покрај градоначалниците од регионот, одговорните лица од јавните комунални претпријатија и општинитеприсуствуваше и Министерот за локална самоуправа г-ѓа Ширет Елези.

Претставниците на Светска банка ги презентираа условите за поволно кредитирање на општините за реализација на инфраструктурни проекти наменети за подобрување на комуналните услуги во општините.

Повеќе...

Mинистерката Елези, градоначалниците од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот плански регион и Центрите за развој, во посета на Австрија, Словенија и Хрватска

Македонската делегација од градоначалници и раководители на Центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од 05.09.2016 (понеделник) до 09.09.2016 (петок) престојуваaво посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и  Хрватска.

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези во рамките на посетата на Австрија, оствари средба со локалните власти на Грац и со претставници на регионот Штаерска.

Министерката Елези во тек на посетата оствари средба и со градоначалниците  на  Велика Полана, Кршко и Јастребарско.

Посетата е организирана од страна на Центарот за развој на Источниот и Југоисточен плански регион.

Повеќе...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во посета на мултимедијалниот центар „Креатива“ во Штип

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го посети мултимедијалниот центар „Креатива“ и неколку спортски објекти во Штип каде што за три години  се изградени 16 спортски објекти и остварисредби со жителите на општина Штип.

Вкупната инвестиција на центарот „Креатива“ е во вредност од 484.302,14  евра од кои 149.320,29 евра се од ИПА фондовите добиени преку гранична соработка со Народно Читалиште „П.Р.Славејков-1938“ с.Брезница. Општина Штип кофинансираше 186.761,85 евра.

Во мултимедијалниот центар, изграден на местото на старото летно кино во Штип, како што рече градоначалникот Илчо Захариев во разговорот со Груевски, ќе биде сместено 3Д киното, кластерот за креативна индустрија на Источно планскиот регион, канцелариите на Центарот за развој на Источно планскиот регион, а има и конференциска сала, како и сала за културно уметнички настан.

Повеќе...

Амбасадорот на Швајцарија во Источен плански регион

На 21 јули 2016 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација  во Република Македонија Н.Е. Сибил Сутер Техада го посети Источниот плански регион - Брегалничкиот регион, при што посети дел од проектите кои се реализирани во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија и оствари повеќе работни состаноци меѓу кои: со раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион г-ѓа Драгица Здравева, претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и градоначалник на општина Кочани г-дин  Ратко Димитровски, како и со градоначалникот на општина Зрновци г-дин Блаже Станков.

Повеќе...

Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

На 12-ти јули, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа втор информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион, општините од Источен плански регион и останатите заинтересирани чинители на теми: Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој во Р. Македонија, АФПЗРР, Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2015-2019 година за 2015 година и Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2015 година.

Повеќе...