Презентација од стекнатите знаења по извршената посета на обука во Јапонија

На 05.07.2017 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, г-дин Емил Василев изврши презентација пред вработените во Центарот од учеството на  обуката „Управување со катастрофи поврзани со води (подготвеност, ублажување и реконструкција)“ , J1704034. ("Water Related Disaster Management (Preparedness, Mitigation and Reconstruction)", J1704034). Обукта беше организирана од страна на JICA (Јапонска агенција за меѓународна соработка). Истата се одржа во периодот од 14.05 – 10.06.2017 година во Токио, Нагоја и Tsukuba – Japonija.

Повеќе...

Започнуваат градежните активности за „Изградба на Регионален Етно парк во с. Зрновци - Фаза I“

Започнуваат градежните активности за реализација на проектот „Изградба на Регионален Етно парк“ во с. Зрновци - Фаза I.

За таа цел на 12ти Јуни 2017 година (понеделник) во Општина Зрновци, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион како носител на проектот и Општина Зрновци како партнер во проектот оддржаа координативен состанок со избраниот Изведувач на градежните работи компанијата „КОД-ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ” - Струмица и фирмата одговорна за вршење на стручен надзорот над објектот „Профил Инжинеринг ДОО увоз-извоз“ - Велес.

Повеќе...

Иницијален состанок за воспоставување на Заштитени подрачја во сливот на река Брегалница

Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахем‐Скопје започна со реализација на втората фаза со времетраење од 4 години (2017‐2020) во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот. На ден  08-ми Јуни 2017 година (четврток), во  ресторан „Аква“ во Кочани  се оддржа иницијален состанок - Инфо ден.

Повеќе...

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот: “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

​Информацијата преземете ја на овој линк.

Организирано велосипедско родео „Вело родео 2017“ во ОУ „Раде Кратовче“ во Општина Кочани

На ден 25 мај 2017 година на терените на ОУ "Раде Кратовче" во Општина Кочани се оддржа велосипедско родео во организација на Здружението за заштита и унапредување на животната средина и промовирање на концептот "Еко-Логик" од Скопје,

Повеќе...

Започнуваат градежните активности за реконструкција и адаптација на административната зграда во општина Кочани во рамките на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА Програмата за прекугранич

Во рамките на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” се започна со реализација на главната активност од проектот, Градежни  работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска ефикасност од класа  D во класа B.

За таа цел на 17ти Мај 2017 година (среда) во Општина Кочани, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион како носител на проектот и Општина Кочани како партнер во проектот оддржаа координативен состанок со избраниот Изведувач на градежните работи компанијата  “Анoл Импекс” - Скопје и фирмата одговорна за вршење на стручен надзорот над објектот „Студио Атриум“ - Штип.

Повеќе...

Eднодневна обука на тема: „Јакнење на капацититети за ЕУ”

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), при Секторот за координација на Европски фондови и друга странска помош во СЕП во рамките на твининг проект, на ден 18-ти Мај 2017 година (четврток), во  хотел Изгрев во општина Штип организираа еднодневна обука на тема: „Јакнење на капацитетите за ЕУ“.

Повеќе...