Признание за највисок реализиран буџет преку спроведени проекти во 2020 година

На 13.09.2021 година во винаријата Сопот се одржа свечен настан во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ за доделување на признанија на Центрите за развој на планските региони, согласно политиките на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка за зголемување на транспарентноста во работењето. Центарот за развој на Источен плански регион се здоби со признание за највисок реализиран буџет преку спроведени проекти во изминатата година. Се реализираа повеќе од 20 проекти од различни области, на територија на повеќето општини од Источниот плански регион, чија вредност надминува 150 милиони денари. 2020 беше исклучително тешка година во секој поглед, имајќи ги во предвид предизвиците со кои што бевме приморани да се соочиме и прилагодиме, предизвикани од здравствената пандемија со Ковид-19. Овој факт говори уште повеќе во полза на признанието кое ни беше доделено, дава поголема тежина, одговорност и сатисфакција на работата која што ја вршиме, потврдува дека сме на вистинскиот пат кон остварување на мисијата за одржливо развивање на Источниот плански регион со задоволни и среќни луѓе. Разновидноста на проектите потврдува дека секогаш се трудиме да опфатиме што поголем број на области од значење за регионот, да дадеме свој придонес во решавање на проблеми со кои се соочуваат нашите сограѓани, а преку алатките на партиципативност и транспарентност заеднички со Советот за развој на Источен плански регион и пошироката јавност, ги избираме вистинските приоритети.

Галерија

Инфо сесија за споделување на искуства и научени лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Швајцарската Конфедерација и Министерството за локална самоуправа, организираше инфо сесија за споделување на искуствата и научените лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион. Формирањето на Совети за социјална заштита е предвидено да се реализира во сите плански региони во државата, согласно Законот за социјална заштита. На инфо сесијата присуствуваа претставници од секоја општина во рамките на планскиот регион, како и сите директори на центрите за социјална работа од подрачјето на Источниот плански регион. Инфо сесијата имаше за цел да ги презентира начините и чекорите кои ќе претходат на формирањето на регионалниот совет за социјална заштита, да ги претстави потребните документи кои ќе треба да бидат изработени, како и да ги запознае засегнатите страни со одговорностите и задачите за формирањето и функционирањето на ваквиот совет.

Галерија

Презентација на инструментот за поддршка Кoфинансирани грантови за комерцијализација на иновации на Фондот за иновации и технолошки развој

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, oрганизираа инфо сесија за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Инфо сесијата се одржа на 30-ти aвгуст (понеделник) 2021 година со почеток од 10 часот преку платформа ZOOM.

Целта на инструментот е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научно-истражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до пред-комерцијална (пред-пазарна) фаза. Дел од активностите кои ги поддржува Фондот се финансирање на: развој на пилот линии, производ или услуга, активности за тестирање и валидација, активности за тестирање.

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:

  • за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект односно
  • за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот

Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:

https://fitr.mk/komercijalizacija2021/

Заинтересираните компании имаат можност да добијат бесплатна менторска поддршка во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион.

Со пополнување на апликацијата компанијата се стекнува со право за добивање на менторска поддршка и тоа на следниот линк: Апликација за менторска поддршка 3 во рамките на ваучерска шема обезбедена преку Бизнис центарот од Источен плански регион (google.com)

Галерија

Завршна прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“ во општина Белица

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 30.08.2021 година во Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“  во општина Белица ја одржа завршната прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“. На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Белица, медиуми, како и претставници на проектниот партнер од општина Штип, Република Македонија.

На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности од проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници. Градоначалникот на општина Белица г-н Радослав Ревански, градоначалникот на општина Штип д-р Сашко Николов и градоначалникот на општина Кочани г-н Николчо Илијев ја пресекоа црвената лента за отворањето на новото реконструираното Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица.

Посетителите го посетија Народното читалиште, и имаа можност да ја истражат Белица преку Информативниот киоск кој се наоѓа во Народното читалиште.

Домаќинот на настанот ги прошета гостите од Македонија во Паркот за танцувачки мечки како и во Rila Fun park.

Проектот „Културен мост низ вековите“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 400.000 евра.

Галерија

Завршна прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите„ во општина Штип

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 27.08.2021 година во близина на реставрираната црква „Св.Власие“  во општина Штип ја одржа завршната прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“. На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Штип, медиуми, претставници од други културни институции од државата, како и претставници на водечкиот партнер општина Белица, Република Бугарија. На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности од проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници, како и инфраструктурните активности во двата прекугранични региони – реконструкцијата на Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и конзервираната и реставрираната црква „Св.Власие“ во Штип. На завршниот настан беа презентирани и двата видео записи реализирани во рамките на проектот. Проектот „Културен мост низ вековите“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 400.000 евра.

Галерија

Саем на туризам во општина Штип

Во периодот од 24-26 август 2021 година се одржа Саем на туризам во општина Штип, во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“. Учесниците на активноста беа претставници од Белица (Бугарија) и претставници од Источен плански регион, како и поединци и претставници на другите институции кои работат во областа на туризмот. На саемот беа поставени штандови на кои беа изложени производи (сувенири, рачни изработки, домашно подготвени прехранбени производи) од локални производители како и на претставниците од Бугарија. Учесниците на „Саемот за туризам“ беа во можност да ги претстават своите изработки воедно и да научат нови работи, да разменат искуства со учесниците од двете страни.

Галерија

Патувачка презентација на општина Белица во Кочани, Виница и Делчево

Во рамките на проектот „Културен мост низ вековите“ се спроведе активноста „Патувачка презентација на општина Белица“ во општините Кочани од 15-17.08.2021година, Виница од 18-20.08.2021 година и Делчево од 21-23.08.2021 година. Преку оваа патувачка презентација учесниците од општините можеа подетално да се запознаат со културното и природно наследство на Белица преку слики, видео записи, рекламни материјали и примери за локални занаетчиски продукти и сувенири.

Галерија

Работна средба на проектниот тим во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“

При проектот „Културен мост низ вековите“ се одржа работна средба помеѓу проектните тимови од водечкиот партнер од Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Р.Бугарија и проектниот партнер Центар за развој на Источен плански регион, Р.Македонија.

Работната средба се одржа од 17-18 мај 2021 година во општина Кочани. На оваа средба тимовите ги дискутираа преостанатите активности од проектот со кои проектот доаѓа до завршна фаза. Се утврдија датумите за реализација на последните активности од проектот и начинот на нивното одржување согласно сите протоколи за заштита на граѓаните од Ковид 19.

Галерија

Продолжен е рокот на Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка

Се продолжува рокот за доставување на апликации во рамки на повикот за проекти за меѓуопштинска соработка распишан од страна на УНДП. Крајниот рок за доставување на проекти е понеделник 23 август 2021 година во 17.00 часот.

Оние апликации кои се веќе доставени нема потреба да се испраќаат по втор пат. Сепак, тие апликанти имаат можност да прават промени во проектната апликација. Во тој случај ќе биде евалуирана последната доставена верзија на проектната апликација.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка е распишан во рамките на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“ кој го спроведува УНДП во соработка со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа.

Преку повикот ќе бидат поддржани иновативни проекти за меѓуопштинска соработка и единиците на локалната самоуправа ќе може да аплицираат за проекти во вредност од 30.000 до 50.000 УСД.

Сите детали за повикот можете да ги најдете на следниот линк: https://bit.ly/3r8mvoA.