Skip to content

Четврта форумска сесија за презентирање на резултатите од спроведениот проект „Реконструкција на Ски Лифтовите на Пониква“

Четврта форумска сесија за презентирање на резултатите од спроведениот проект „Реконструкција на Ски Лифтовите на Пониква“

Центарот за развој на Источен плански регион организираше четврта (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Четвртата форумска сесија се одржа на 29-ти декември (вторник) 2020 година.

На средбата присуствуваше Градоначалникот на општина Штип, д-р  Сашко Николов, Раководителот на ЦРИПР г-ѓа Зујица Ангелова, вработени во ЦРИПР, претставници од општините како и други засегнати страни од Источен плански регион (јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др.

На оваа форумска сесија се презентираа резултатите од спроведениот проект „Реконструкција на Ски Лифтовите на Пониква“. На сесијата се даде и информација за проектите кои не се финансирани со средства од Форумот и препораки дадени од форумот.

Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

Галерија

Утврдена Годишна листа на приоритетни предлог-проекти за реализација во 2021 година

На 10.12.2020 година (четврток) се одржа деветнаесеттата (XIX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе он-лајн преку виртуелната платформа Zoom.

Клучна точка на XVIII-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион беше презентација на резултатите од Втората форумска сесија и рангирањето на концепт-решенијата согласно приоритетите на граѓаните на Источниот плански регион, шести чекор од концептот за регионални форуми на заедницата, алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, управувана преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Ангажираниот надворешен експерт, Денис Жерновски, изврши презентација на изводливоста на секој од концепт-решенијата од административно – правен и финансиски аспект, односно направи анализа на корисност на трошоци, користејќи го методот „најдобра вредност за потрошените средства“ (best value for money).

На основа на оваа анализа, Советот за развој на Источен плански регион едногласно ја утврди Годишната листа на предлог проекти за развој на Источен плански регион во 2021 година:

  1. Градски пазар во Делчево – отворен и затворен дел – II фаза;
  2. Осветлување на дел од магистрален пат А3 кој поминува низ Македонска Каменица;
  3. Збогатување на содржините за рекреација во Источен регион – Смарт и авантуристички паркови во општините Штип Кочани;
  4. Подобрување на инфраструктурата за развој на туризмот – локален пат во Берово и доуредување на локалитет Лесново.

Целиот процес на идентификација на предлог-проектите за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој во 2021 година е подржан во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.


Записник од XIX-та Седница на Совет за развој на Источен плански регион

Годишна листа на предлог-проекти за развој на Источен плански регион во 2021 година

Мобилна апликација (Meteobot) и веб страна (www.agroistok.mk) за користење на Агрометеролошките станици

meteobot метеобот

Ставена е во функција мобилна апликација (Meteobot) која може да се инспалира на секој мобилен телефон и секако во функција е и веб страна (www.agroistok.mk) за користење на Агрометеролошките станици. Секој корисник може да пристапи бесплатно до истите и да ги следи овие информации што ги нуди агрометеролошката станица за секоја општина поединечно.

Да напоменеме дека Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на ИПР,  организираше повеќе обуки за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици и тоа со секоја општина и засегнатите страни, земјоделци на ниво на општина.

Цел на овој проект е:

  • Oсовременување на земјоделското производство преку поставување на 11 Агрометеролошки станици во ИПР;
  • Современа и подобра информираност на земјоделскиот сектор за климатските промени и можните болести кои ги напаѓаат земјоделските култури;
  • Заштита на животната средина со соодветно третирање на земјоделските површини
  • Создавање на услови за подобрување на економскиот развој.

Резултати од проектот:

  • Осовременување на начинот на управување и третирање на земјоделското производство вп ИПР;
  • Соодветно управување со мерки за заштита на животната средина;
  • Олеснет пристап до информации за климатски промени за правилно управување со земјоделските култури;
  • Поттикнување на земјоделците од ИПР да користат нови методи за управување на земјоделските култури и заштита на животната средина;
  • Подобрување на квалитетот на земјоделските производи во ИПР преку намалување на бројот на третирање со хемиски препарати.

Средствата на проектот се обезбедени преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Втора форумска сесија

Поради состојбата со КОВИД 19 пандемијата и големиот број на новозаразени во Источниот плански регион, беше донесена одлука и Втората форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник, но и да се организира онлајн средба преку ZOOM платформата за учесниците во пополнувањето на прашалникот и рангирање на предлог концептите.

Втората форумска сесија се одржа во периодот 01-03.12.2020 година, со помош на Google Form алатката беше организирано пополнување на прашалникот, а истиот по пат на електронска пошта беше доставен до учесниците во Првата форумска сесија, заедно со објаснување за процесот и петте предложени концепт-решенија.

Прашалникот го одговорија вкупно 83 лица и притоа се водеше сметка за родовата еднаквост на испитаниците, така што 43,40% од лицата кои што го одговорија прашалникот беа жени, а 56,60% мажи.

Резултатите од реализираниот прашалник беа презентирани и дискутирани заедно со присутните на организираниот виртуелен состанок на ZOOM каде што беа и дадени препораки за подобрување на содржината на концепт-решенијата.

Анализа на Втора форумска сесија

Записник за приоретизирање на проекти

Извештај за процес на утврдување на предлог концепти

Увид во градежни работи за проект „Културен мост низ вековите“

kulturen most niz vekovite културен мкост низ вековите

Центарот за развој на Источен плански регион ги привршува активностите за успешна реализација на проектот “Културен мост низ вековите” кофинансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020, со дополнително национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

Црквата „Св. Власие“ се наоѓа на археолошкиот локалитет „Исар“ и е откриена со археолошки истражувања од страна на стручен тим од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип во 2010 година.

Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ ги изведува економскиот оператор БВ Инженеринг ДОО Битола.

Идентификувани концепт-решенија во постапката за избор на предлог проекти за реализација во 2021 година

На 27.11.2020 година (петок) се одржа осумнаесеттата (XVIII) Седница на Советот за развој на Источен плански регион, која поради настанатата вонредна состојба на светско ниво COVID 19, се спроведе он-лајн преку виртуелната платформа Zoom.

На Седницата присуствуваа Градоначалниците од општините во состав на Источниот плански регион, Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи, претставници од Бирото за регионален развој и претставници од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Клучна точка на XVIII-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион беше презентација на предложените концепт решенија, четврти чекор од концептот за регионални форуми на заедницата, алатка за идентификација, приоретизирање и подготовка на проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, управувана преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Предложените концепт решенија беа претходно идентификувани, врз основа на избраните приоритетни области и подобласти од спроведената прва форумска сесија, што беше спроведена преку он-лајн прашалник. Понатаму со ангажираниот надворешен експерт, Денис Жерновски, беше спроведена теренска посета во сите 11 општини и беа идентификувани триесетина концепт решенија како одговор на идентификуваните проблеми од страна на населението во Источниот плански регион.

На денешната Седницата врз основа на претходно утврдените критериуми за регионален карактер, потребните финансиски средства за реализација и зрелоста на концепт решенијата од страна на надворешниот експерт беа презентирани 15 концептни решенија, а Советот за развој на Источен плански регион одлучи во наредните чекори да се продолжи со следниве пет концепт решенија:

1.  Градски пазар во Делчево – отворен и затворен дел – II фаза;

2.  Збогатување на содржините за рекреација во Источен регион-Општина Штип и Општина Кочани;

3.  Поставување на енергетско-ефикасно осветлување на дел од магистрален пат влез – излез Општина Македонска Каменица;

4.  Доуредување на регионален културно-туристички комплекс Лесново;

5.  Развој на спортско-рекреативен и езерски туризам и подобрување на инфраструктурата во Источниот плански регион преку изградба на локален пат во Туристичката населба Беровско езеро.

Во наредните денови за овие пет концепт решенија ќе биде спроведена втора форумска сесија преку која населението од регионот ќе има можност да дава забелешки и препораки за нивно подобрување за на крај Советот за развој на Источен плански регион ја утврди годишната приоритетна листа на предлог-проекти за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Целиот процес на идентификација на предлог-проектите за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој во 2021 година е подржан во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Записник од XVIII Седница на Совет за развој на Источен плански регион

Листа на концепт-решенија за финансирање во 2021 година

Прва Форумска сесија

Поради наглото проширување на COVID-19 пандемијата и големиот број на новозаразени во Источниот плански регион, беше донесена одлука Првата форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник во пеиродот 04-09.11.2020 година.
Како прв чекор беше изготвена листа со потенцијални учесници кои можат да дадат придонес во одредувањето на приоритетите на регионот, а потоа беше изработена покана во која беше објаснет целокупниот форумски процес и неговите цели и резултати. На испитаниците им беше потенцирано дека треба да се врши избор на приоритетни области и подобласти од Програмата за развој на ИПР и да се идентификуваат проблемите во регионот за кои надворешен експерт ќе изготви соодветни концепт решенија, а Советот за развој на ИПР ќе даде оценка и насоки за нивно подобрување или евентуално елиминирање.
На 110 граѓани по електронска пошта им беше доставен прашалникот, при што се водеше грижа да бидат почитувани правилата за реализација на форумот, пред сè вкупниот број на учесници по општина, како и жените да се претставени со најмалку 40% во испитувањето и најмалку 20% од вклучените граѓани се млади.
Анализата на добиените одговори покажа дека вкупно 79 лица или 72% го одговорија, при што 41,80% од лицата кои го одговорија прашалникот беа жени, а 52,80% мажи.
Имајќи ги во предвид правилата за реализација на регионалните форуми, се направи избор на две области и по две подобласти од секој од нив, во кои граѓаните сметаат дека треба да биде фокусиран развојот на регионот во 2021 година:

  1. Современо и квалитетно образование, здравство и социјални дејности во регионот
    1. Подобра социјална инклузија на сите ранливи категории население
    2. Подобрување на условите во здравствените установи во регионот
  2. Економски развиен регион, пошироко препознаен како атрактивен за инвестирање
    1. Искористување на расположливите ресурси и конкурентски предности за привлекување на инвеститори во регионот
    2. Развој на претприемништвото и на малиот бизнис во регионот

Записник од Прва форумска сесија

Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”

Во тек се градежните активности во рамки на проектот “Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци”, проектот  е со вкупна вредност од 14.959.084,15 денари и се реализира со финансиски средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ко-финансирање од општина Карбинци и истиот го имплементира Центарот за развој на Источен палнски регион, Штип.

Во моментот се асфалтираат трите пристапни патишта со вкупна должина од 1.586 метри (Вртешка 788,99м, Кепекчелија 348,53м и Калаузлија 448,62м).

Изведувач на работите е ДПТУ Ескаватори-МК ДООЕЛ Скопје и крајниот рок за завршување на градежните активности е 15 август 2020 година.

Реализацијата на овој проект е многу значајна за Источниот регион, бидејќи се инвестира во подобрување на локалната патна инфраструктура во руралните средини со што се придонесува во подобрување на квалитетот на живот на населението во истите.

Галерија

Започнaа градежните работи на „ Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ “ во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“

Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за конзервација на црквата „Св. Власие“ на тврдината Исар во Штип во рамките на проектот: „Културен мост низ вековите“.

Проектот „Културен мост низ вековите“ се кофинансира од ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020, со дополнително национално кофинансирање обезбедено од Министерството за локална самоуправа.

Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ ги изведува економскиот оператор БВ Инженеринг ДОО Битола, а вредноста на градежните работи е во износ од околу 89.300 евра.

Реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Власие“ ќе се работи од камен и опус од кои во првата фаза ќе се реставрираат ѕидовите на црквата максимум од 1,5 м од нивото на теренот, во втората фаза ќе се изгради пристапна патека кон црквата во должина од 146 метри, додека во третата фаза ќе се осветлат црквата и патеката со канделабри и ќе бидат поставени и соодветни патокази.

Изведувачот БВ Инженеринг ДОО Битола реставрацијата и конзервацијата на црквата „Св. Власие“ се очекува да ja заврши за 14 месеци.

Галерија

Источниот плански регион го задржа првото место за својата транспаретност

Како што објави USAID North Macedonia, Источниот плански регион го задржа првото место што го имаше и минатат година и остана лидер меѓу регионите според активната транспарентност со просечно исполнување на обврските од 68,3 %, што е дури и подобрување за 6,3 процентни поени за една година. Со значително подобрување на активната транспарентност две години по ред, Македонска Каменица изби на првото место во регионот, со високи 85,9% исполнетост на обврските од активната транспарентност.

 

Како се рангирани останатите општини од регионот дознајте на http://www.ccc.org.mk/images/stories/ia2020.pdf

Галерија