Организирана дводневна обука на тема “Климатски промени” во рамки на проектот ГРЕЕН CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег ИПА Програмата помеѓу Р. Бугарија-Р. Македонија CCI2014TC16I5CB006
Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Регионалната администрација Благоевград, во рамки на проектот ГРЕЕН од 06-07 Јули 2017 година во “Еуро Хотел Градче”-Брана Градче, организираа дводневна обука на тема “Климатски промени” дел од “Програмата за јакнење на капацитетите за климатски промени“. На обуката учество зедоа вкупно 40 учесници од општините во состав на Источниот плански регион и регионот Благоевград.