Согласно Одлуката за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2014 година (Сл. Весник на РМ бр. 23 од 31 јануари 2014 година), на 13 февруари 2014 година во просториите на Бирото за регионален развој, осумте Центри за развој на планските региони ги потпишаа Договорите за реализација на проекти во 2014 година. Договорите беа потпишани од страна на Раководителите на осумте центри за развој на планските региони и Министерството за локална самоуправа – БРР застапувано од Директорот  Џемаил Ељмази.

 

Центарот за развој на Источен плански регион во тековната 2014 година од одобрените средства ќе реализира 2 (два) проекта и тоа:

1.    Промоција на богатството на разликите и зачувување на културно-историското наследство во функција на регионалниот развој,

2.    Продолжување на изградбата на колектор за отпадни води за град Делчево од десната страна на р.Брегалница од Делчево-сервисна зона Долни бавчи –  II (втора) фаза.

Со првиот проект се предвидува реконструкција и пренамена на постоечки објект-“турски бањи” во општина Виница во галерија за промоција на богатството на разликите и зачувување на културно-историското наследство  и сала за состаноци, семинари и работилници за општините, невладините организации, бизнис секторот и други институции од регионот.

Вториот проект е продолжување на изградбата на колекторот за прифакање на отпадни води од с. Долни Бавчи до колекторскиот систем во Делчево .