Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн. Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%). Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција. Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда. Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.
Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, плаќање данок, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично. До платформата за е-услуги може да пристапите преку следниот линкот |
Одржана XV (Петнаесетта) Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Советот за развој на Источен плански регион, на ден 04.03.2024 година, во општина Карбинци, ја одржа XV (Петнаесетта) Седница.
Советот ја утврди Листата на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година, при што проектите од Листата ги рангира по приоритет и тоа.
- Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР);
- Унапредување на енергетската ефикасност во регионот преку замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување (Smart Led Lighting Project);
- Унапредување во заштитата на животната средина преку опремување со возила за собирање на смет и за одржување на јавна хигиена во регионот;
- Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион.
Советот едногласно го усвои Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година.
Советот ја одобри Комуникациската стратегија на Центар за развој на Источен плански регион за 2024-2026.
На седницата, Советот ги донесе и следниве Одлуки:
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Електрификација, оградување и поставување на туристичка сигнализација на археолошки локалитет Баргала“;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година;
- Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза” за 2023 година.
Одржана XIV (Четиринаесетта) итна Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Одржана Втора форумска сесија во Источен плански регион
Одржана Прва форумска сесија во Источен плански регион
Потпишани договори за реализација на регионални проекти за развој на Источниот плански регион за 2023 – 2024 година
Одржана XIII (Тринаесета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Работилница за обука на вработени во администрација на општините во ИПР
ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:
Мерка 1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.
Мерка 7. Диверзификација на фармите и развој на бизниси
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерката „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“.
Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 годинина денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области и 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите мерката „Диверзификација на фармите и развој на бизниси “.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ изнесува 18.893.333,33 евра или 1.171.764.533,33 денари, додека за мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси “ 11.400.000,00 евра односно 707.028.000,00 денари.
Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства или Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 или мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Одржана XII (Дванаесета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Советот за развој на Источен плански регион, на ден 06.09.2023 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа XII (Дванаесетата) Седница.
На Седницата Советот донесе Одлука за развој, разработка и имплементација на проектот “EcoScape: Трансформирање на урбаните делови со зелена инфраструктура, во кој Центарот за развој на Источен плански регион ќе учествува како проектен партнер во предлог – проектот, а ќе биде аплициран по првиот повик за поднесување на предлог проекти за инвестициски проекти со реф. бр. 2021TC16IPCB007 – 2023-3, во рамки на Програмата за прекугранична соработка Интеррег – ИПА Бугарија – Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027, по Приоритет 1. Позелен прекуграничен регион, специфична цел 1.1. Подобрување на заштитата и зачувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучувајќи во урбаните подрачји и намалување на сите форми на загадување.