Language switcher

Social

 

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источниот плански регион, општина Штип  и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за Јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во Република Македонија - О2 ПРЕДИЗВИК (http://www.fitr.mk/O2predizvik/)

Информативната сесија се одржа на 21.11.2017 година (вторник) во 13:00 часот, во затворениот дел на салата на Советот при општина Штип.

O2 Предизвикот овозможува поширок опсег на натпреварувачи да се вклучат со свои идеи во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот во урбаните средини, а во исто време претставува пилот-проект за дизајнирање и воведување на нов Инструмент на Фондот за иновации и технолошки развој насочен кон организирање натпревари и предизвици за изнаоѓање на иновативни решенија од општествен интерес.

О2 предизвикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност, претпријатие и/или здружение.

Вкупниот буџет за О2 предизвикот изнесува 6.000.000 денари. Наградувањето ќе се врши согласно со рангирањето на предлог- проектите сé до исцрпување на вкупниот износ на буџетот.

За О2 предизвикот Фондот обезбедува финансирање до 90% (деведесет) проценти од вкупниот буџет за предлог-проектот. Преостанатиот паричен износ од вкупниот буџет за проектот се обезбедува од страна на натпреварувачот.

Пријавувањето на О2 предизвикот трае заклучно со 30.11.2017 година, до 23:59 часот.

За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти кои се пополнети во обрасците определени за О2 предизвикот од страна на Фондот,  доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.

На настанот присуствуваа претставници од: микро, мали и средни претпријатија /здружениja, НВО, општини од Источен плански регион, Центарот за развој на Источен плански регион, Регионална стопанска комора итн.

Теми на настанот беа:

  • Презентација на правилата и процедурите за аплицирање на О2 предизвикот;
  • Презентација на обрасците: Проектна апликација и буџет на проектот.