Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источен плански регион на ден 13 Декември, 2017 година (среда) во Хотел “ИЗГРЕВ” во општина Штип организираше еднодневна работилница на тема: „Јакнење на капацитетите и значењето на регионалниот развој – воспоставување на кординација помеѓу ЛЕР одделенијата во општините од Источниот плански регион и ЦРИПР“.

Целта на работилницата беше присутните да имаат можност да се запознаат со значењето на регионалниот развој, работата и функционирањето на Центарот за развој на Источен плански регион, изработените анализи, студии и технички документации значајни за регионот, како и со отворените можности и извори за финансирање на регионални проекти.

На настанот присуствуваа претставници од: Лер одделенијата од општините од Источен плански регион, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Регионалната комора на занаетчии, Креатива - Кластерот за креативна индустрија и Центарот за развој на Источен плански регион.

 

           Теми на настанот:

Презентација на:

  • Законот за рамномерен регионален развој на Р.М.;
  • Стратегија за рамномерен регионален развој на Р.М.;
  • Програма за развој на Источен плански регион 2015-2019;
  • Работата и функционирањето на ЦРИПР;
  • Стратешките документи со регионално значење;
  • Изработените анализи и студии значајни за регионалниот развој и Источниот плански регион;
  • Изработени технички документација од страна на ЦРИПР за Источниот плански регион;
  • Програмата за рамномерен регионален развој на Р.М;
  • ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу МК-БГ 2014-2020;
  • Програма за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој;

 

По завршувањето на сите излагања, се оддржаа B2G средби помеѓу заинтересираните претставници од Лер одделенијата од општините од Источен плански регион, Регионалната комора на занаетчии, Креатива - Кластерот за креативна индустрија и претставниците од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Центарот за развој на Источен плански регион.