Language switcher

Social

 

ПОКАНА ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС
за вработување како Координатор на активности поврзани со “еко” туризам на проект ,,Програма за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) – фаза 2” во Центарот за развој на Источен плански регион - Штип

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) - Штип, како партнер на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), има потреба од ангажирање на едно лице кое ќе работи на спроведување на проектните активности од проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија (ПЗП) – фаза 2” како Координатор на активности поврзани со “еко” туризам. Лицето ќе биде ангажирано за координација на активностите од ПЗП поврзани со “еко” туризам, координација на координативното тело за туризам на ИПР, реализација и следење на активности предвидени во Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план (2016 -2025), изработка на Предлог-Проекти, аплицирање до достапни фондови и имплементација на Проекти, комуникација со засегнати страни, учество во планирање и известување, промоција на активностите и сл. За таа цел ПЗП врши претходна анализа на пазарот.

Повеќе информации за Програмата на www.bregalnica-ncp.mk
Повеќе информации за ЦРИПР на www.eastregion.mk

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено VII/1 степен на образование, односно сегашен VIA степен на високо образование со кој се стекнуваат 240 ЕКТС кредити – од областа на туризмот;
  • Минимум 3 (три) години работно искуство во управување/учество на проекти од областа на туризам, а финансирани од странски донатори;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери
  • Поседување возачка дозвола (категорија Б);
  • Одлични комуникациски вештини, капацитет за анализа на комплексни прашања од областа на туризмот, прецизност, самоиницијативност, како и желба за тимска работа и постојано усовршување.

Поканата е отворена до 31 јули, 2017 година.

Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во поканата заедно со мотивационо писмо за работа и CV.

Пријавите за изразување интерес со потребните документи да се достават по електронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За подетални информации заинтересираните кандидати можат да се јават на следниот телефон 032-386-408.

Ќе бидат контактирани само кандидатите избрани во потесниот круг.