Средба помеѓу Светска банка, Делегација на ЕУ и Градоначалниците од ИПР

Состанокот се оддржа во општина Кочани на 09.04.2014 год. и беше организиран од страна на Светска банка и поддржан од Центарот за развој на Источен плански регион. Состанокот беше отворен од страна на Градоначалниот на општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски кој ја поздрави идеата за вклучување на крајните корисници (бенефициенти) во процесот и начинот на дистрибуција на предвидените средства.

Повеќе...

″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″

На 30 јануари 2014 година во МЗСПП се одржа состанок со Раководителите на 8-те  Центри за развој на планските региони во врска со кампањата   ″Македонија земја на цвеќето –Земја  на розата″. Оваа кампања, која во изминатата 2013 година   успешно се спроведе  на ниво на град Скопје ,  продолжува и оваа 2014 година на национално ниво  по повод  Денот на пролетта, 21 март под наслов  ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″  чија цел е засадување на садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини.

 

Повеќе...

Одржана прес-конференција за Проектот КРЕАТИВА во Р. Бугарија

На 18-ти Март, 2014 година, во хотел “Неврокоп”, општина Гоце Делчев, Р. Бугарија, се одржа првата Прес-конференција за проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион - CREATIVA“.

Цел на оваа Прес-конференција беше информирање на јавноста и целните групи со проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион“ и активностите кои ќе бидат превземени како дел од иститот како и резултатите кои ќе бидат остварени.

 

Повеќе...