ИПА Програма за прекугранична соработка Р.Б. - Р.М.

Трет состанок на Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија - Р.Македонија (2014-2020)

На 21 август 2014 година во Софија, R.Бугарија, во Best Western  Plus City Hotel,  Заедничката работна група за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Р.Бугарија - Р.Македонија (2014-2020) одржа трет редовен состанок на кој беше презентирана Финалната верзија на Програмата.

Повеќе...

Ревизија на програмите

Започна процесот за подготовка на
Програмите за развој на планските региони
2015-2019 година

Министерството за локална самоуправа со подршка на ГИЗ РЕД Програмата за Р. Македонија започна со процесот на подготовка на Програмите за развој на планските региони 2015-2019 година.

Првата работилница за ревизија  и подготовка на Програмите на планските региони се одржа на 19 август 2014 година , во Скопје на која присуствуваа раководителите на 8-те (осум) Центри за развој на планските региони во Р.Македонија и вработените во Центрите одговорни да го координираат процесот на ревизија/подготовка  на Програмите , претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, ГИЗ РЕД Програмата и назначените експерти вклучени во процесот на изработка.

Повеќе...

Отпочна изработката на Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)

На 10 јули 2014  година, во деловните простории на  ФАРМАХЕМ   во Скопје се одржа Прв Работен Состанок со експертскиот тим на друштвото ИДЕЈА О.К. Скопје за отпочнување со изработка на “Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со Акционен план (2015-2024)”.

Оваа Стратегија,  е една од активностите што Центарот за развој на Источниот плански регион, како стратешки партнер и ФАРМАХЕМ од Скопје, како локален координатор ја спроведуваат преку  проектот: “Програма за зачувување на природата во Македонија”, кој што се имплементира во Источниот плански регион (2013-2016), а е финансиран од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка –SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation).

Повеќе...