ГРАДЕЊЕ НА ПАРТНЕРСКА МРЕЖА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ НУДАТ ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

altВо рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.

 
Повеќе...

Прес-конференција за проектот „Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст“

 altЦентарот за Развој на Источен Плански Регион – Штип, на 09 Ноември, 2011 година, во хотел “ОАЗА”, Штип ја одржа првата прес-конференција за проектот:  

„Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст“, 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од ИПА, Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007-2013, CCI Number 2007CB16IPO007.
Повеќе...

Унапредување на прекуграничната сорботка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип започна со имплементирање на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” со крајна цел подобрување на бизнис климатата во прекуграничниот регион помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Проектот има за цел да ја подобри бизнис соработката  преку развој на бизнис услуги, маркетинг на малите и средни претпријатија и подобрување на пристапот до информации и консултантски услуги во прекуграничниот регион.
Повеќе...

Промотивен ден на Источниот плански регион

alt19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.

Изложениот пишан промотивен материјал, археолошките антиквитети, традиционалната храна и пијалоци, традиционалните ракотворби како и производи од производните капацитети од регионот беа презентирани пред присутните на настанот.
Повеќе...