Language switcher

Social

 

На 05 ноември 2018 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се потпиша Меморандум за соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-Свест“ од Скопје за проектот „Да зборуваме за климатските промени“.

Проектот има за цел да го зајакне влијанието на локалните и националните граѓански организации преку воспоставување на коалиција за климатски промени на национално ниво, како и подигнување на свеста за важноста на приспособувањето на климатските промени.

Со потпишувањето на овој Меморандум за соработка ќе се овозможи создавање на услови за промовирање и пошироко прифаќање на прашањата поврзани со климата и климатските промени, како и со животната средина воопшто во целиот Источен плански регион.