Language switcher

Social

 

На 30 ноември 2018 година се реализираше акција за засадување на тополови и врбови садници непосредно до крајречниот појас на реката Брегалница, во близина на селото Пенуш во општина Штип.

Засадувањето се изврши со автохтони видови на садници карактеристични за регионот со што се придонесува кон зачувување на природата и биодиверзитетот во долниот тек на река Брегалница.

Начините за правилно засадување на садниците и инструкции околу нивното одгледување беа презентирани од страна на професори од Шумарскиот факултет од Скопје.

Пошумувањето на крајречната вегетација беше поддржана и од општина Штип со присуство и на градоначалникот Благој Бочварски и дел од општинските советници и администрација, претставници од локалните комунални претпријатија и ученици од две средни општински училишта.

Реализацијата на оваа акција е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој на соработка, со цел обновување на крајречните шуми долж реката Брегалница и подигнување на свеста за нивните основни функции во заштита од ерозија и поплавување на околните површини.