Новости

На 29 јули 2019 година во просториите на Општина Пробиштип раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион и градоначалникот на општина Пробиштип потпишаа Договор за заедничка реализација на проектот „Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“.

Повеќе...

На 24 јули 2019 година во просториите на Општина Штип се потпиша Договорот за соработка за 2019 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од  Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источен плански регион.

Повеќе...

                         

СООПШТЕНИЕ ПО ЈАВЕН ПОВИК 

ЗА ПРЕДЛОЗИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА

Референтен број  05-229/2

Центарот за развој на Источен плански регион информира дека во однос на Јавниот повик за предлози на Здруженија за имплементирање на проекти за одржливо користење на природните ресурси во сливното подрачје на река Брегалница, реф. бр. 05-299/2 од 03.07.2019 година, Комисијата за евалуација ги разгледа и оцени сите поднесени апликации согласно критериумите за избор и донесе заклучок дека ниту една апликација не е во согласност со целите на повикот и истиот да биде повторно објавен во следниот период.

На ден 18.07.2019 година во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип се одржа обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Повеќе...