Language switcher

Social

 

На 11 јули 2018 година во просториите на општина Штип се одржа иницијалниот состанок на координативното тело за развој на туризмот во Источен плански регион.

Потребата од формирање на вакво координативно тело произлезе од изработената Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со Акционен план 2015-2026 година, а формирањето е поддржано преку Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Координативното тело е составено од претставници на сите 11 општини во состав на Источниот плански регион и претставник од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. Ова тело во својата работа ќе одржува постојана комуникација со сите институции на локално, регионално и национално ниво.

Целта за формирањето на вакво тело – прво од ваков вид во регионот, се гледа во неорганизираноста на чинителите од регионот кои се занимаваат со туристичка дејност. Во главните задачи на ова координативно тело се вбројуваат поврзување на сите засегнати страни од туристичкиот сектор во Источниот плански регион, изработка на проектни идеи за аплицирање преку домашни и странски повици за финансиска поддршка, подобрување на туристичката понуда на регионот со идентификација на клучните атрактивности во регионот и предложување на нови, како и изготвување на интегрирана туристичка понуда за привлекување на домашни и странски туристи во регионот.

Главната цел во работата на ова тело ќе биде подобрување на социо-економскиот развој на населението преку зголемување на свесноста за придобивките од туризмот, како секундарен извор на приходи, подобрување на регионалниот БДП и препознавање на Источниот плански регион како атрактивна туристичка дестинација.