Language switcher

Social

 

Еднодневната регионална Конференција„ Партнерства за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив раст“ се одржа на 7-ми јуни во хотел Оаза Штип.

Во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“ финансиран од Европска Унија, а имплементиран од УНДП во партнерство со Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии се организираа три регионални конференции со цел да се отвори дискусија за прашања поврзани со децентрализација и локалниот развој.

На конференцијата се отвори деба за потребата од промени на Законот за локална самоуправа, статусот на урбани и месни заедници, финансиски трендови – блок грантови и општински обврзници, постојните општински центри за услуги за граѓаните и новиот фонд за технички документации од УНДП.

УНДП, заедно со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и претставниците на ЕУ ќе оди на терен за да ги олесни дискусиите околу прашањата на регионално ниво.

Целта на регионалните конференции е обезбедување на преглед на неодамнешната децентрализација и трендовите на локалните развојни политики и за создавање на интерактивна дискусија меѓу централната и локалните власти. 

Конференциите се групирани по региони на следниот начин:

  • Скопскиот плански регион и Североисточниот плански регион;
  • Полошкиот плански регион, Југозападниот плански регион и Пелагонискиот плански регион;
  • Југоисточниот плански регион, Источниот плански регион и Вардарскиот плански регион.

Главни цели

  • Овозможување на отворен дијалог меѓу Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии и локалните власти околу општинските потреби и приоритети;
  • Отворање на дебата околу потребите за подобрување на Законот за локална самоуправа;
  • Можност за градоначалниците да се сретнат, поврзат и дискутираат околу приоритетите;
  • Конкретно сосредоточување на општинските финансии, со фокус на блок трансферите и создавањето на сопствени средства и извори;
  • Дискусија за функцијата и можностите за ревитализација на месните заедници;
  • Испитување на развојните можности и потенцијали на центрите за услуги на граѓаните за подобар пристап до услугите;
  • Дискусија за потенцијалните начини за поддршка на општините од страна на ЕУ, УНДП и други извори.