Language switcher

Social

 

Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Информативната сесијата се одржа на 22.04.2019 година (понеделник) со почеток во 11:00 ч.

Целта на инструментот е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и приватниот сектор со високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до предкомерцијална (пред-пазарна) фаза.

Инструментот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија и ПЗУ регистрирани во Република Северна Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка на претпријатија и ПЗУ со висок потенцијал за раст.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање на предлог проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000,00 (три стотини дваесет и пет илјади) евра при што зависно од големината на правното лице апликант максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е:

  • 70% (седумдесет проценти) за микро и мали правни лица;  и
  • 60% (шеесет проценти) за правни лица со средна големина.

Преостанатите 30% (триесет проценти) т.е. 40% (четириесет проценти) од вкупниот буџет на проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за ко-финансирање од страна на апликантот).

Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 15.05.2019 година, до 23:59 часот.

Повикот можете да го погледнете на следниот линк:

http://www.fitr.mk/inovacii/#toggle-id-10