Language switcher

Social

 

На ден 18.07.2019 година во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип се одржа обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Обуката беше одржана од страна на претставници од Заедничкиот секретаријат за реализација на програмата под Ќустендил и Струмица на која детално се презентираа правилата за реализацијата на проектите, како и најчесто направените грешки од досегашното искуство и препораки за нивно надминување.

На обуката беа присутни околу 40-тина претставници од голем број на општини, невладини организации и Центрите за развој на трите плански региони Источен, Југоисточен и Североисточен кои ги поминаа строгите критериуми за селекција и се здобија со право да реализираат проекти.

Центарот за развој на Источен плански регион како водечки партнер потпиша договор за реализација на проект за реконструкција на Мултикултурниот центар во Кочани во вредност од над 19 милиони денари.

Центарот за развој на Источен плански регион обезбеди и техничка помош при подготовката на проектната апликација на ЈЗУ Клиничка Болница во Штип за реконструкција на Инфективното одделение во вредност од над 12 милиони денари.