Language switcher

Social

 

На 24 јули 2019 година во просториите на Општина Штип се потпиша Договорот за соработка за 2019 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од  Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источен плански регион.

Со Договорот се утврдија активностите и задачите на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2019 година, износот и начинот на исплата на средствата за реализација на утврдените активности и задачи, како и начинот и роковите за нивна реализација.

За 2019 година, согласно Договорот, Центарот за развој на Источен плански регион ќе имплементира 4 проекти кои се во согласност со стратешките цели од Програмата за развој на планскиот регион: „Збогатување на туристичка понуда со изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница“ во општина Берово, „Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“ во општина Пробиштип, „Заштита на животната средина преку изградба на систем за третман на отпадни води“ во општина Чешиново-Облешево и „Изградба на Етно парк - Зрновци - II фаза“ во општина Зрновци.

Вкупната вредност на Договорот е 3.018.580 денари, од кои 1.200.000 се обезбедени од Националниот Буџет преку Министерството за локална самоуправа, додека остатокот од средствата се обезбедени од општинските буџети согласно нивното соодветно учество.