Language switcher

Social

 

На 11.09.2019 година во просториите на општина Пробиштип се потпиша Договорот помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Промонтинг ДООЕЛ Скопје за Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“ во Пробиштип. Проектот е дел од годишната листа на проекти за 2019 година од Програмата за развој ан Планските региони.

Вкупниот буџет на проектот е 9.200.981,00 денари, од кои 61,06 %,  од вкупната вредност на договорот, се  обезбедени од Буџетот на РСМ со Одлука на Влада на РСМ бр. 45-2785/1 од 09.04.2019 година за доделување  средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2019 година, и 38,94 % од вкупната  вредност на договорот се обезбедени од Буџетот на Општина Пробиштип.

Се очекува Музејот да биде целосно заврши до крајот на тековната година.