Language switcher

Social

 

Центарот за развој на Источниот плански регион на ден  12 и 13 Септември во Конференциската сала на Мултимедијалниот Центар „Киро Глигоров“ во Штип организира Меѓународната конференција „Добри практики за регионален развој во Источен регион“.

Конференцијата се организираше во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Цел на конференцијата се да се подигне свеста за рамномерниот регионалнен развој и да се поттикне соработка и вмрежување на клучните заинтересирани страни од Источниот регион и регионите во соседните земји кои придонесуваат за регионалниот развој.

Во рамки на конференцијата се опфатени 7 тематски сесии, во рамки на кои повеќе од 20 говорници од земјата и странство преку презентации, панел и пленарни дискусии, како и тематски дискусии во работни групи ќе споделат искуства и добри практики од значење за развој на Источниот регион и ќе идентификуваат можности за заеднички иницијативи.

Општа цел:

Да се подигне јавната и институционалната свест за рамномерниот регионален развој во Источeн регион

 

Специфични цели:

Да се зајакне размената на добри практики, знаења и политики од областа на рамномерниот регионален развој.

Да се стимулираат активности за вмрежување и соработка во рамките на Источeн регион (внатрешно вмрежување) и помеѓу Источен регион и регионите од ЈИЕ (надворешно вмрежување)

 

Да се идентификуваат заеднички иницијативи во рамки на Источен регион и помеѓу Источен регион и региони од ЈИЕ

 

Учесници:

На конференцијата присуствуваа повеќе од 70 претставници од: Центри за развој на планските региони, Општини, Јавни Комунални Претпријатија, Граѓански организации, МСП и претприемачи, Организации за поддршка на МСП, Министерства, Агенции и институции на национално ниво, Експерти, Донаторски организации, НВО.