Language switcher

Social

 

На 18-ти септември 2019 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на стоки за набавка и монтажа на опрема во сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево, за потребите на иновативниот проект: „Здрави деца – сигурна иднина“ во рамките на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Фирмата која го доби тендерот за јавна набавка на стоки за набавка и монтажа на опрема во сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево, за потребите на иновативниот проект: „Здрави деца – сигурна иднина“  е „ДАФКА ДООЕЛ“ -  ШТИП во вкупна вредност од 1.669.918,00 мкд.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.