Првата  форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

Повеќе...

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Фармахем.

Воспоставувањето на етно-еко паркот во општина Чешиново-Облешево е еден од приоритетите во Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион и е препознаен како потенцијал кој е во согласност со начелата на Програмата за зачувување на природата во Македонија -  зачувување на природните ресурси во брегалничкиот регион преку промоција на принципот на нивно одржливо управување.

Повеќе...

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на номинацијата на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

На 23 јануари 2019 година во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се потпиша договор за истражување и подготовка на досието за аплицирање на Лесново за членство во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

Повеќе...

На ден 26.12.2018 година се одржа Осмата свечена седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Чешиново-Облешево.

На Седницата се усвои Финансискиот план на Центарот за развој на источен плански регион за 2019 година и се донесе годишниот Акционен план за 2019 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015-2019.

Повеќе...