Language switcher

Social

 

На 9 јули 2018 година во просториите на Владата на Република Македонија, беше потпишан Договор за реализација на проекти за развој на планските региони за 2018 година. Проектите се финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 196 милиони денари.

Преку оваа Програма, во Источниот плански регион ќе се финансираат два проекта: за изградба на детска градинка и изградба на пешачки мост на река Брегалница.

За изградбата на детската градинка во населба Сењак во Општина Штип, беше потпишан и договор за заедничка реализација со Градоначалникот Благој Бочварски. Покрај средствата од националниот Буџет, обезбедено е и кофинансирање од општината во висина од 55% во вкупниот буџет за реализација на проектот.

Изградбата на пешачки мост на река Брегалница во Општина Делчево, исто така, ќе се реализира со средства од националниот Буџет и со кофинансирање на општината во висина од 14%. Овој проект ќе започне со реализација по завршувањето на постапката за доделување на договор за јавна набавка за изградба на детската градинка во Општина Штип.

Реализацијата на овие проекти ќе придонесе кон поттикнување на развојот на општините и на планските региони и отворање нови перспективи на граѓаните.