Language switcher

Social

 

 Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Регионалната администрација Благоевград, во рамки на проектот ГРЕЕН од 06-07 Јули 2017 година во “Еуро Хотел Градче”-Брана Градче, организираа дводневна обука на тема “Климатски промени” дел од “Програмата за јакнење на капацитетите за климатски промени“. На обуката учество зедоа вкупно 40 учесници од општините во состав на Источниот плански регион и регионот Благоевград.

Целта на обуката беше да се овозможи учесниците да се стекнат со основни познавања за климатските промени и нивните ефекти на глобално и локано ниво, да имаат можност да се запознаат со основните поими за климатските промени. Преку презентации на учесниците им се претставија глобалните напори и активности за справување со климатските промени.

Климатски промени – мит или реалност со која треба да се соочиме, поврзаноста на Климатските промени со човековата активност – стакленички гасови и глобално затоплување беа само дел од темите по кои имаше широки дискусии.

Ова е прва обука организирана во рамки на проектот ГРЕЕН.