Language switcher

Social

 

На 29 Март 2018 година во Салата “22 Септември” во општина Благоевград, Р. Бугарија, Регионална обласна администрација и Центарот за развој на Источен плански регион  организираа еднодневна тематска работилница на тема “Климатски промени”.

 

На еднодневната тематска работилница учествуваа учениците средношколци од СОУ “Славчо Стојменски”-Штип, СОУ “Наум Наумовски Борче”-Пробиштип и Јазичната гимназија од Благоевград. Вкупно 60 средношколци учествуваа на првата тематска работилница за “Климатски промени”. Работилницата ја отворија Обласниот Управител Г-дин Бисер Михаилов и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион-Штип, Г-ѓа Драгица Здравева. Предавач на првата тематска работилница беше д-р Стефан Кирилов.

Следниве теми беа опфатени на работилницата:

  • Климатските промени и последиците од истите, кои опасности ги носат за населението и животната средина;
  • Како се менува климата?
  • Оддржливо и ефикасно искористување на природните ресурси;
  • „Моето место во природата“;
  • „Што можеме да направиме за намалување на последиците од климатските промени”;
  • “Заштита на природните ресуси”.

 

Целта на тематска работилница е младите луѓе да се запознаат со глобалните климатски промени и последиците од истите врз животната средина. Да размислуваат за решенија што може да ги применуваат во нивната средина. При спроведување на било какви активности да размислуваат за оддржливо искористување на природните ресурси. Средношколците имаа можност преку интересни видео клипови и презентации да се запознаат со реални случаи кои се појавуваат како резултат на климатските промени и да се запознаат со можностите и  едноставните мерки и активности кои можат да ги превземат за да придонесат во спречување на последиците од климатските промени и заштита на животната средина. Преку интерактивните игри се запознаа со глобалните напори, активности и мерки што се превземаат за справување со климатските промени. Воедно посебен акцент на презентациите беше ставено на врската помеѓу промената на климата и природните несреќи и катастрофи за кои сите сме сведоци.

Младите покажаа голем инетерс за предложените теми и истите максимално се вклучија во работата во групи. Вториот дел од работилницата беше посветен на  разграничување на факторите, кои предизвикуваат климатски промени, постоење на два вида на фактори природни и човечки и нивно набројување. Еднодневната тематска работилница беше успешно реализирана, материјали од истата во прилог на документацијата. 

Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип и Регионална обласна администрација, Благоевград.